Втор пораз во само неколку дена за Кире Лазаров и Атлетико Мадрид во Лигата на Шампиони. Шпанците “замрзнаа“ на минус пет на гостувањето кај Савехов во Шведска (35-30).

По поразот од Веспрем сред Мадрид и пред се по тешката повреда на каризматичниот капитен Хозе Хавиер Омбрадос, на Атлетико Мадрид му требаше реакција на тешкото гостување во Скандинавија.

Малерот на повредите кај Атлетико продолжи откако поради повреда во 17 минута, Алваро Ферер ја напушти играта. Дополнително ќе се разбере тежината на неговата повреда.

Ниту добриот натпревар за Кирил Лазаров и неговите 6 гола и 3 асистенции не го спасија Атлетико Мадрид од третиот пораз во четвртата средба во Лигата на шампионите.

На трибините неколку македонски семејства го вееаа македонското знаме со подршка за Лазаров.