Искусниот голман на Вардар, Арпад Штербик втор пат по ред е прогласен за најдобар чувар на мрежата во Лигата на Шампиони.

„Арпад велики“ како што го нарекуваат соиграчите со двоцифрениот учинок на одбрани на голот беше најзаслужен за триумфот на „црвено црните“ над Нанта во втората рунда во фазата по групи.

Втор пат по ред признание добива и Борко Ристовски, кој одново си обезбеди место во ТОП 5 одбраните. Помеѓу најдобрите голови за втората рунда се најде и Вања Илиќ од тимот на Металург.

Идеалните седум:

Лево крило: Валеро Ривера (Барселона)

Лев бек: Карол Бјелецки (Киелце)

Среден бек: Матеи Лекај (Веспрем)

Десен бек: Ласло Наѓ (Веспрем)

Десно крило: Матјаж Брумен (Горење)

Пивот: Бјарт Мирхол (Скјерн)

Голман: Арпад Штербик (Вардар)

OhridNews