Натпреварот помина во изедначен тек, двете екипи имаа свои шанси за погодок но мрежата на Нојер и Сојер мируваше до 86-та минута, човек на одлука беше “џокерот“ Штокер. “Везистот“ кој во игра влезе во 65-та минута на местото од Фреј, избегна офсајд стапица, излезе сам со германскиот голман Нојер и ладнокрвно го совлада за голема радост на Сент Јакоб стадионот.
Реванш натпревар 1/8 финалето во Лигата на Шампиони се игра на Алијанц арената на 14 март.