Во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони, Баерн Минхен ќе има задача да ја надохнади негатива 1-0 од првиот натпревар против Реал Мадрид.
Иако победа од 1-0 е минимална сепак шпанскиот стратег Пеп Гвардиола стравува од брзиот напад на Реал Мадрид, кој сезонава покажа дека е безмилослив.
Кристијано Роналдо и Герет Бејл заедно во ЛШ имаат постигнато 19 погодоци што е исто колку целиот тим на Баерн Минхен. А кога на овие двајца велемајстори ќе се додаде и Карим Бензема со пет погодоци, има и за што да стравува Гвардиола.
Најголем адут на Реал Мадрид во полуфиналните пресметки останува Карло Анчелоти, кој на првиот натпревар најде одговор за „тик так“ играта на Гвардиола.
Мх.П.