Баерн Минхен со погодокот на Марио Гомез во финишот на мечот обезбеди минимална предност по првиот 1/2 финален дуел со Реал Мадрид победувајќи го со 2-1.


Натпреварот помина во изедначена игра, први се заканаа “кралевите“ преку шутот на Бензема но Нојер беше на место. Во 17-та минута “баварците“ ја искористија конфузијата во одбраната на Реал Мадрид, и французинот Рибери го отвори резултатот. До крајот на првите  45 минути не се случи ништо посериозно, за да се промени резултатот. 

По само десет минути игра во вториот дел, “белите“ ги израмнаа бројките на семафарот стрелец на голот беше германецот Озил по несебичното додавање на Кристијано Роналдо.

Ако првиот полуфинален дуел завршеше без победник, најголем виновник ќе беше токму херојот на Баерн Минхен, Марио Гомез кој промаши две чисти позиции за гол. Но среќата му се насмевна и во 90-та минута со погодок го круниса соло продорот на капитенот Филип Лам.

Реванш мечот од 1/2 финалето во Лигата на Шампиони се игра на Сантијаго Бернабеу за осум дена.

Мх.П.