Дисциплинската комисија на УЕФА, го суспендираше тренерот на “азурите“ Валтер Мацари два натпревари во Лигата на Шампиони. Мацари е казнет поради неспортско однесување на мечот со Виљареал, на 7 декември минатата година. Адвокатите на екипата од Неапол најавија жалба за суспензијата на тренерот Мацари.


Главоболките започнаа, пред натпреварите од ЛШ, Валтер Мацари.

Во 1/8 финалето Наполи и македонскиот капитен Горан Пандев ќе се сретнат со Челси, а Мацари од трибините ќе ги проследи двата натпревари.

Мх.П.