Горан Пандев и Наполи не го преживеаја пеколот на „Сигнал Идуна Парк“ и претрпеа пораз од Борусија Дортмунд 3-1.
Иако загубија избраниците на шпанскиот стратег Рафа Бенитез не се предадоа така лесно и го намачија европскиот вицепрвак за да стигне до победа.
За водствто на „милионерите“ во 11-та минута од белата точка погоди Ројс. Во вториот дел Дортмунд зголеми на 2-0 со погодокот на Блажиковски, мала надеж за „азурите“ врати Инсиње, кој намали на 2-1. Конечните 3-1 ги постави Аубемајанг на десет минути пред крајот на натпреварот.
Резултати :
Група Е : Базел – Челси 1-0, Стеауа – Шалке 0-0
Табела : Челси 9, Базел 8, Шалке 7, Стеауа 3
Група Ф : Арсенал – Марсеј 2-0, Дортмунд – Наполи 3-1
Табела : Арсенал 12, Наполи 9, Дортмунд 9, Марсеј 0.
Група Г : Зенит – Атлетико Мадрид 1-1, Порто – Австрија Виена 1-1
Табела : Атлетико 13, Зенит 6, Порто 5, Австрија Виена 1
Група Х : Ајакс – Барселона 2-1, Селтик – Милан 0-3
Табела : Барселона 10, Милан 8, Ајакс 7, Селтик 3.
Мх.П.