“Азурите“ и македонскиот интернационалец  Горан Пандев во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони имаат тешка задача откако за противник им падна Челси. “Наполитанците“  19 години незнаат за пораз на “тврдината“ Сан Паоло, што влева голема надеж пред првиот од двата дуели против премиерлигашот Челси.


Моменталната форма на “сините“ не ветува многу. Избраниците на Португалецот, Андрес Виљаш Бојаш неможат да влезат во посакуваниот ритам, во Премиер Лигата заостануваат 17 бодови зад лидерот Манчестер Сити. Во ФА купот на домашен терен неуспеаа да го скршат отпорот на второлигашот Бирмингем, со што ја потврди кризата во екипата.


Од другата страна Наполи, во последните неколку натпревари извојува убедливи победи, што резултираше со скок на шестото место во Серија А. Искуството на Горан Пандев во ваквите нокаут мечеви ќе биде од големо помош за забревтаниот Наполи. Македонецот со Интер стигна до трофејот во Лигата на Шампионо во 2010 година.  Тренерот на “азурите“ Валтер Мацари е суспендиран два натпревари, и мечот против Челси ќе го проследи од трибините.


Поради повреди за мечот со Наполи, неизвесни се капитенот на “сините“ Џон Тери и левиот бек Ешли Кол додека во составот на италијаните ќе недостасува само “стоперот“ Уго Кампањаро.

Мх.П.