Македонскиот првак „Билјанини Извори“ го претрпе вториот пораз во квалификациската група за влез во Лигата на Шампиони. Од охриѓанки поуспешни беа фудбалерките на ПАОК кои славеа со убедливи 5-0.
„Сините“ во вториот натпревар се преставија во подобро светло од дебитанскиот кога претрпеа дебакл од финскиот преставник губејќи 13-1.
Во последната рунда од квалификациската група охридскиот фудбалски клуб ќе се сретне со естонскиот Парну.
Мх.П.