Белградски Партизан за мечот против Шкендија во Скопје ќа бара 5 проценти на влезници од вкупниот капацитет на седиштата на стадионот „Филип Втори“. “Црно-белите“ очекуваат подршка од симпатизерите од Македонија, а најавуваат и навивачи од југот на Србија.


– Според правилата на УЕФА, имаме право да побараме од домаќинот во Скопје да ни обезбеди влезници. Со оглед дека има 32.000 седишта нам според тоа ни следуваат 1.600 влезници кои сигурно ќе ги откупиме за нашите навивачи кои сакаат да го следат реванш натпреварот во Скопје. Веќе има заинтересирани туристички агенции од Врање, Лесковац и Ниш, така што сигурно дека овој контингент на влезници што ќе ги добиеме ќе биде распродаден. Верувамр дека ќe имаме голем број навивачи во Скопје со оглед дека во Македонија Партизан има огромен број на свои симпатизери – велат од белградскиот клуб.

Првиот натпревар од двомечот се игра на 13 јули во Белград, додека реванш мечот се игра седум дена подоцна.

Ohridnews