Осум дуели се вечерва на програмата од третото квалификациско коло во Лигата на Шампиони. Најголемо внимание привлекува мечот во Белгија, Генк – Партизан во кој “црно-белите“ посакуваат да се повтори “Андерлехт“ тим кој лани го елиминираа и изборија пласман во натпреварите по групи.


На останатите натпревари се среќааваат:

18:00 Екранас – БАТЕ Борисов,
19:00 АПОЕЛ – Слован Братислава, Зестафони – Штурм,
19:30 Литекс – Висла Краков,
20:00 Динамо Киев – Рубин Казан,
20:45 Твенте – Васлуи, Генк – Партизан, Ренџерс – Малме.

Преостанатите седум мечеви од 3-то квалификациско коло на програмата се утре.