Белградски Партизан ремизираше 1-1 против Генк и елиминиран од понатамошните натпреварувања од Лигата на Шампиони.  “Црно-белите“ имаа негатива од 2-1 по првиот меч, којa со голот на Томиќ ја достигнаа во 40 минута. Белгијците голот за изедначување и пласман понатаму го постигнаа во 58 минута од пенал.


До крајот на мечот српскиот првак имаше серија изгледни прилики, а последната ја имаше Марковиќ кој не успеа да го матира гостинскиот голман и да избори продолженија.

По овај пораз “црно-белите“ продолжуваат во квалификациите за Лигата Европа.

М.П.