Баерн Минхен со елиминацијата на Реал Мадрид во 1/2 финалето се избори за деветто финале во Лигата на Шампиони. “Баварците“ се четири кратен првак во Европа, а в сабота на Алијанц Арената ќе атакуваат на петтата титула во Лигата на Шампиони.

Последна титула во Лигата на Шампиони, германската веле сила ја освои во сезоната 2001/02 на пенали против Валенсија.

Секој пат до финалето е тежок, а во голема мера целта ги оправдува средствата. Се започна од Групата А. Германците во група беа со Наполи, Манчестер Сити и Виљареал.

Баерн Минхен со гостинска победа од 2-0 над Виљареал ја започна сезоната во ЛШ. Идентичен триумф “баварците“ забележаа над Сити на домашен терен. Во третото коло Наполи за момент го сопре Баерн Минхен, ремизирајќи 1-1.

Германците во четвртата рунда го совладаа Наполи 3-2 и со десет бодови од четири средби изби на чело во групата А. Пласманот во најдобрите 16 избраниците на Хејнкенс го осигураа со победата над Виљареал 3-1. Во последниот натпревар од група, Баерн Минхен го претрпе првиот пораз од Манчестер Сити 2-0.

По ждрепката во Нион, противник на Баерн Минхен во 1/8 финалето беше Базел. Швајцарците за влез во нок аут фазата го елиминираа Манчестер Јунајтед.

Базел го потврди квалитетот и на мечот со четирикратниот првак на Европа, Баерн Минхен совладувајќи го со 1-0 во првиот меч. Стрелец на победничкиот гол за Базел, беше Стокер во финишот од мечот.


Реванш дуелот на Алијанц Арената, нема по добро да го паметат фудбалерите на Базел. Баерн Минхен триумфираше со неверојатни 7-0 и се пласираше во осумте најдобри. Со четири гола на мечот брилираше германскиот репрезентативец Марио Гомез.

Противниците во 1/4 финалето одново ги одредуваше ждрепката. Баерн Минхен го доби можеби најпосакуваниот противник Олимпик Марсеј.

Избраниците на Хуп Хејнкенс поучени од осминафиланиот дуел со Базел, не оставија ништо на случајност. “Баварците“ уште во првиот меч завршија огромен дел од задачите за пласман во 1/2 финалето, победувајќи со 2-0 на Велодром.

Пласманот во најдобрите четири екипи Баерн Минхен го завери на домашен терен, остварувајќи идентчина победа од 2-0 над Олимпик Марсеј.

Во 1/2 финалето, европскиот фудбал го очекуваше вистинска класика. Последна пречка за пласман во големото финале на Баерн Минхен беше девекратниот првак Реал Мадрид.“Кралевите“ во дуелот со германците важеа за благи фаворити. Првиот од двата мега дуели  Баерн Минхен го играше пред своите гледачи. 

“Баварците“ со погодокот на Марио Гомез во финишот од мечот остварија победа од 2-1 и минимална предност пред реванш мечот на Сантијаго Бернабе.

Решавачкиот натпревар за патникот во финалето Реал Мадрид го започна фуриозно, со двата голови на Кристијано Роналдо во првиот дел “кралевите“ имаа исход кој ги носеше во финалето. Германската преданост, дисцплина не дозволи никаква паника, до крајот од првите 45 минути Робен погоди за 2-1, резултат кој остана до крајот од натпреварот.


Продолженијата не го дадоа првиот патник во финалето, одлуката падна по изведувањето на пенали. Тивкиот чувар на мрежата, Нојер експлодираше во пенал серијата. Ги одбрани ударите на “скапите ѕвезди“ Роналдо и Кака, а Рамос упати проектил кој заврши во горните трибини на Сантијаго Бернабе.

Петтиот пенал му припадна на Бастијан Швајнштајнгер кој не греши и го лансира Баерн Минхен во финалето на Алијанц Арената.

Одиме во Минхееееен, фудбалерите на Баерн Минхен.

Мх.П.