Челси започна со португалецот Андрес Виљаш Бојаш, а продолжи со италијанецот Роберто Ди Матео и стигна до завршницата во Лигата на Шампиони. “Сините“ од Лондон, се на чекор да му ја остварат желбата на “газдата“ Роман Абрамовиќ, да се закити со трофејот од најквалитетното натпреварување на стариот континент.


Најблиску до освојување на пехарот беше во 2008. Избраниците на Аврам Грант во легендарното “московско“ финале беа поразени од Манчестер Јунајтед по изведувањето на пенали. Капитенот Џон Тери и французинот Николас Ањелка беа трагирачи во пенал рулетот.


Челси во групата Е беше со германскиот Леверкузе, Валенсија и аутсајдерот Генк. “Сините“ со триумф над Леверкузенод 2-0 на домашен терен ја започнаа сезоната во Лигата на Шампиони. Во второто коло Челси, освои бод во Шпанија, на гостувањето кај Валенсија ремизирајќи 1-1. Во третата рунда, Челси ја забележа најубедливата победа над Генк совладувајќи го со 5-0.


По три одиграни рунди и освоени седум бодови од девет можни. Во играта на англичаните следуваше пад, ремизираа со Генк 1-1, и го претпрпеа првиот пораз од Леверкузен 2-1. Избраниците на сега веќе екс менаџерот, Андрес Виљаш Бојаш се консолидираа и ја “прегазија“ Валенсија во последното коло од групата Е, со 3-0.

Во 1/8 финалето Челси за противник го доби Наполи, кој заврши на втората позиција во групата со противникот на “сините“ во финалето Баерн Минхен. Првиот натпревар се одигра во Неапол, кој“сините“ одлично го започнаа. Поведоа во првиот дел со голот на Мата, но тоа беше се` што направија фудбалерите на Челси. “Азурите“ во составот го имаа расположениот Лавеци, кој со два гола и еден на Кавани остварија победа од 3-1.


Вистинска драма следуваше на реванш мечот на Стемофрд Бриџ. “Сините“ со погодоците Дрогба и Тери, ја анулираа предноста на Наполи. Италијаните не се предадоа, Инлер го намали водсвтото. Фудбалерот од средниот ред Лампард, од пенал зголеми 3-1 и Челси забележаа идентична победа како Наполи во првиот натпревар.


Патникот во 1/4 финалето после продолженијата беше Челси, откако српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ постигна погодок во 105 минута. До крајот на мечот Наполи, не го загрози голот на Чех и патешествите заврши на “мостот“ од Челси.


Во паузата од првиот натпревар до реванш мечот во 1/4 финалето, дојде до тренерска смена во екипата на Челси. Сопсветникот на “сините“ Абрамовиќ по серијата лоши резултати во Премиер Лигата, го отпушти Андрес Виљаш Бојаш, а логично на негово место дојде помошникот на португалецот,  Роберто Ди Матео.


Португалската Бенфика беше пречка за Челси за пласман во 1/2 финалето. Италијанецот на клупата имаше старт со две победи откако неговата екипа триумфираше со минимални 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Саломон Калу, во вториот дел од натпреварот.


Следуваше реванш дуелот на Стемфрод Бриџ, за да се пласира во четирите најдобри Челси не смееше да изгуби, тоа и го направи. “Сините“ со 2-1 победија и вториот натпревар и со вкупни 3-1 се најдоа на мегдан со бранителот на трофејот Барселона во 1/2 финалето.


Барселона важеше за огромен фаворит, предводена од Меси, Чави, Иниеста, Пујол, Дани Алвеш, Фабрегас никој не го сметаше Челси за достоен противник.


Фудбалот уште еднаш го покажа спротивното лице, “сините“  одиграа машки и храбро а целиот натпревар избраниците на Ди Матео мислејќи на својот гол. Едно невнимание на Барса ја чинеше погодок во мрежата на Валдес, и пораз а Дрогба по кој знае кој пат е херој на “сините“. 


Иако го загуби првиот меч, фаворитската улога уште беше на страна на Барселона. Ситуацијата на теренот беше пресликана од Стемдорд Бриџ. Челси со сите фудбалери се обидуваше да го сочува голот на Чех.


Во финишот на првиот дел, Барселона со головите на Бускетс и Иниеста стигна до предност од 2-0. Помеѓу двата погодоци на “блауграната“, капитенот на Челси, Џон Тери непромислено го удри без топка Санчез, турскиот судија го забележаа тоа и Тери го испрати во соблекувалните.


Со девет фудбалери во поле, и голманот Петер Чех никој не се надеваше дека “сините“ ќе се вратат резултатски. Лампард го проигра Рамиреш во празно, бразилецот во манир на голем фудбалер го лобоваше Валдез. Со резултат од 2-1 се замина на одмор, а тој ги води “сините“ во финалето во Минхен.


Сликата драстично не се промени во вториот дел, Челси го “паркираше автобусот“ пред голот на Чех. Најдобрата прилика за Барселона, ја прокоцка Лионел Меси кој не успеа да реализира удар од белата точка.

Резултатот кој го постави Рамиреш во првиот дел беше активен до третата минута од судиското продолжени, педесет милиони вредниот Торес се разбуди во право време.  Шпанскиот репрезентативец прифати еден отпадок, изби очи во очи со Валдес, “глатко“ го мина и стрелаше во празниот гол за тишина на Ноу Камп, историска победа за Челси и второ финале за храбрите фудбалери на италијански менаџер Роберти Ди Матео.

Големото финале од Лигата на Шампиони помеѓу Баерн Минхен – Челс е закажано за в сабота со почеток во 20:45 часот.

Мх.П.