Англинскиот тим Манчестер Сити претрпе пораз 2-0 на „Етихад“ од Барселона во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Шампиони. Победата на каталонците е спорна бидејќи во 54-та минута беше досуден пенал од фаул и црвен картон, кој беше направен надвор од казнетиот простор.

Пред да биде досуден пенал спореде чилеанскиот стратег имало прекршок над Хесус Навас, кој не е сигнализиран, а веднаш потоа е досуден пенал во корист на Барселона.
– Грешките се како другари доаѓаат една по една. Прво не ни досуди фаул, а неколку моменти потоа нив им подари удар од белата точка. Прекршокот на Де Микелис го направи надвор од 16-те метри, а Меси падна во казнетиот простор – заврши Пелегрини.
Реванш натпреварот меѓу шпанскиот првак и Манчестер Сити е на 12 март на „Ноу Камп“.
Мх.П.











