Наполи приреди сензација во првиот меч од 1/8 финалето  во Лигата на Шампиони совладувајќи го Челси со 3-1.


Избраниците на Андрес Виљаш Бојаш први ја начнаа мрежата, шпанецот Хуан Мата го искористи отпадокот кој му го подари капитенот на Наполи, Канаваро и стрелаше прецизно за 1-0.

“Азурите“ брзо со созедоа од шокот, Лавеци бие прецизно за 1-1, по асистенцијата на Кавани. Токму тој фудбалер со рамо ќе погоди за водство за Наполи по нафрлената топка на Инлер.

Аргентинскиот напаѓач Лавеци со вториот погодок за него трет за Наполи ја круниса перфектната шампионска вечер на “Сан Паоло“.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев во игра влезе во 82-та минута на местото од Марек Хамшик. Реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони се игра на 14 март на Стемфорд Бриџ.

Мх.П.