ЛШ : Пирло ја отвори душата за кошмарната вечер во Истанбул
15.04.14 10:16
Италијанскиот фудбалски Моцарт, Андреа Пирло своето искуство го преточи во книга, која сам ја напиша и влезе во алејата на великани со своја книга не плашејќи се да се говори за успесите и неуспесите. Во книгата која излезе неодамна посебно поглавје има за финалниот натпревар во Лигата на Шампиони против Ливерпул 2005 година. Тогаш „росонерите“ имаа предност 3-0, но на крајот „црвените“ се радуваат на трофејот.
– После тој натпревар сериозно размислував да ја прекинам кариерата бидејќи по мечот со Ливерпул во Истанбул немаше смисла да играм уште фудбал. Кога ојдовме во соблекувалните никој ама баш никој не зборуваше, а и неможевме да се движивме стоевме како скаменати – стои во книгата од Пирло.
Емоциите и сеќавањата од тој натпревар сеуште го прогонуваат Пирло и никогаш нема да ги заборави.
– Психички не уништија. Од самиот старт на вториот дел, а ситуацијата стануваше се пострашна во продолжението од натпреварот. По тој меч измисливме нова болест „истанбулски синдром“, а тоа е инсомнија, бес, депресија и чувство на безвредност. Долго време неможев да се погледнам во огледало бидејќи не се чувствував како маж и одеднаш фудбалот од споредна на светот за мене стана континуирано мачење. За тоа што го пропуштивме во Истанбул трабаше целата екипа да се фатиме за раце и да изврши масовно самоубиство со скок од Босфор – сликовито објаснува Пирло во книгата.
Во книгата на Пирло покрај истанбулските спомени место има за „паненка“ пеналот со Англија на ЕП 2012, средбите со Фергусон, за Берлускони и Гатузо и неуспешниот трансфер во Челси.
Познати се екипите кои ќе се борат за пласман во големото финале на турнирот „Ohrid freed” 2026 Следуваат два полуфинални дуели, четири екипи и само две места во големото финале, велат од ЈП „Билја...
Во рамки на 9-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Гладијаторите свесни за квалитетите кои ги поседуваат влегуваат во натпреварот со јасна цел да ги...
Одиграно третото коло од VI Општинско првенство 7 Ноември 2026 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид Во третото коло постигнати се следните резултати: Табела после одиграни три кола на следнио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.