Женскиот ракометен клуб Вардар заврши половина од задачата во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони, откако во Данска со 24-23 (13-16) го совлада Митјиланд во првата од двете пресметки.

Македонските ракометарки со маестралната игра во второто полувреме ги „покрија“ аномалиите кои излегоа на површина во првиот дел и го добија натпреварот

„Црвено црните“ во Скопје на реваншот ќе имаат обврска да ја задржат предноста од првиот натпревар и по јубилеен петти пат да бидат дел од Ф4 на турнирот.

Најпрецизна во составот на Вардар беше Драган Цвијиќ со осум голови, Андреа Лекиќ постигна шест погодоци, а четири реализираше Јованка Радичевиќ. Кај данките Кристијансен и Фрис постигнаа по шест погодоци.

OhridNews