Европскиот првак Баерн Минхен со 2-0 го совлада Арсенал на „Емирати“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Шампиони, а победа на гостински терен славеше и Атлетико Мадрид победувајќи го Милан 1-0.

Натпреварот ќе добиеше сосема поинаков тек ако Месут Озил го реализираше ударот од белата точка во 9-та минута.

Клучниот потег на дуелот на „Емирати“ се случи во 38-та минута кога главниот арбитар Рицоли досуди пенал и го исклучи голманот на Арсенак, Шчезни. Алаба не успеа пеналот да го претвори во погодок.

Дефицитот на фудбалер драстично се осети во вториот дел кога „баварците“ го плетеа погодок. Бедемот на „топчиите“ попушти во 54-та минута кога Крос со удар од далечина ја погоди мрежата на Фабиански.

Арсенал оддолеваше на нападите на избраниците на Пеп Гвардиола се до 88-та минута кога Милер по асистенција на Лам по втор ја погоди целта.

Благодарание на погодокот на Диего Коста фудбалерите на Атлетико Мадрид  забележа минимална победа над Милан на „Сан Сиро“ 1-0 и го продолжија гостинскиот низ во 1/8 финалето од ЛШ по победите на ПСЖ и Барселона надвор од своите стадиони.

Мх.П.