Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се сретнат во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Атлетико Мадрид и Челси.

Двојки :

Реал Мадрид – Баерн Минхен

Атлетико Мадрид – Челси

Првите натпревари во полуфиналето се играат на 22/23 април додека возвратните мечеви 29/30 април. Големото финале од Лигата на Шампиони се игра на 24 мај во Лисабон на „Естадио ди Луиз“.

Мх.П.