Со третиот пораз избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар го загрозија пласманот на втората позиција во групата што носи полесен противник во нокаут фазата.
Металург натпреварот во Словенија го започна одлично со серија голови стигна до првото водсвто 5-2. Но тука некаде и застанаа “металурзите“, домаќините предводени од домашната публика се разбудија и се вратија во игра. Во финишот на првиот дел Металург имаше негатива од три погодоци, но со серија од 3-0 успеаја да ја анулираат и на пауза се замина со 10-10.
По изедначеното прво полувреме, домаќините во второто додао гас и почнаа немилосрдно да ги казнуваат техничките грешки на Металург. Словенците стигнаа до највисока предност од шест погодоци 21-15 стигнаа во 50-та минута.
Последните десет минути од мечот беа формалност, а во тие Металург успеа да го ублажи поразот 23-19.
Во следната рунда Металург гостува во Русија кај Сент Петерзбург додека Горење гостува кај норвешкиот првак, Силкерборг.