Екипата на Вардар во осминафиналната фаза ги заврши годинешните мечеви во Лигата на Шампиони. Подобар ривал од „вардарци“ беше унгарскиот гигант Веспрем, кој славеше во двата мечеви од осминафиналето.

Веспрем пласманот во топ 8 го најави уште во Скопје кога славеше со 41-27, а го завери со нов триумф, остварен на домашен терен 39-30. „Црвено црните“ не беа на нивото кое сме навикнати да ги гледаме додека Веспрем покажа голема желба и решителност во борбата за титулата.

Ривал во 1/4 финалето на Веспрем ќе му биде Нант каде настапува Кирил Лазаров.

Вечерва ќе се комплетираат осминафиналните мечеви и познати ќе бидат четвртфиналните двојки во Лигата на Шампиони.

OhridNews