Ракометарите на Вардар го положија оружјето на гостувањето во Португалија претрпувајќи пораз од Порто 30-22 (11-10) во 13-та рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони.

Составот на Порто има двојна причина за радост после победата над Вардар бидејќи ќе го помине актуелниот европски првак на табелата и ќе го запоседне петтото место.

„Вардарци“ на крилата од голманот Кизиќ добро го отворија натпреварот и поведоа со 3-1. Потоа, имаа несватлив пад во играта и Порто после две мини серии голови дојдоа до предност од 8-5. „Црвено црните“, брзо се консолидираа и до крајот на полувремето намалија на 11-10.

Во второто полувреме, играта на Вардар се распадна како кула од карти. Играта „седум на шест“ не се исплатеше. Порто со лесни голови не само што ја врати предноста, туку ја зголеми на 18-11. Потоа се беше формалност, а Порто не ја пропушти шансата убедливо да го совлада Вардар кој ги покажа двете лица на гостувањето во Португалија.

Во последната рунда од групната фаза, Вардар на домашен терен ќе ги одмери силите со Монпеље и ќе го чека ривалот во 1/8 финалето.

OhridNews