Екипата на Вардар маратонот натпревари во Лигата на Шампиони го започна со пораз. „Црвено црните“ оружјето го положија во Португалија, откако изгубија од Порто со 27-24 (13-13).

Избраниците на Стефче Алушовски маестрално го отворија натпреварот, поведувајќи со 5-1. Португалците брзо се консолидираа и со добра игра во одбрана и ефикасна во напад стигнаа до егал 5-5. До крајот на првиот дел, Порто го диктираше резултатот, а Вардар не се предаваше и на одмор двете екипи заминаа со идентичен број на постигнати погодоци на семафорот 13-13.

Порто во второто полувреме отвори по рецептот на Вардар од првиот дел и поведе со 18-14. Сепак, „вардарци“ не се откажаа и со стрплива игра наоаѓа одговор за португалската одбрана. Скопските „црвено црни“ успеаја да дојдат до минус еден 21-20, но не и комплетно да се вратат во игра. Домаќините се одлепија на три погодоци и покрај обидите на Вардар таа разлика остана до финишот на мечот.

Вардар останува на последната позиција на табелата со една победа во шест натпревари во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

OhridNews