Реал Мадрид, Милан и Барселона веќе го осигураа местото во ждрепката на 16 декември,резевирана за најдобрите 16 клубови во елитната Лига на Шампиони. Пред приклучувњае нивното друштво се Арсенал, Мен Ју, Баерн и Интер. На чекор до исполнување на сонот се кипарскиот Апоел и турскиот Трабзон.


Тимот на Горан Пандев, Наполи само победа над милионскиот Сити го остава во игра за место кое носи во елиминацијата во ЛШ. Пандев по повредата се очекува од клупата да ја чека својата шанса.

Двојки за денеска:
ГРУПА А: Наполи – Манчестер С., Баерн (М) – Вилјареал.
Табела: Баерн (М) 10, Манчестер С. 7, Наполи 5, Вилјареал 0 бодови.

ГРУПА Б: ЦСКА М. – Лил, Трабзонспор – Интер.
Табела: Интер 9, ЦСКА М. 5, Трабзонспор 5, Лил 2 бода.

ГРУПА Ц: Оцелул – Базел, Манчестер Ј. – Бенфика.
Табела: Манчестер Ј. 8, Бенфика 8, Базел 5, Оцелул 0 бодови.

ГРУПА Д: Реал (М) – Динамо (З), Лион – Ајакс.
Табела: Реал (М) 12, Ајакс 7, Лион 4, Динамо (З) 0 бодови.

Натпреварите од Лигата на Шампиони, во живо следете ги во кафетерија “Офсајд“