Потценувањето и прераното прославување на влезот во големото финале скапо ги чинеше Кирил Лазаров и Барселона кои по изведување на пенали претрпеа елиминација од Флензбург во 1/2 финалето.

Ракометарите на Флензбург се вратија од работ на бездната откако на осум минути од крајот на мечот имаа негатива од шест голови (31-25), а регуларниот дел заврши 32-32.

И во дополнителните десет минути не се реши победникот и патникот во финалето од Лигата на Шампиони.

Во пенал рулетот германците ги реализираа сите пет седмирци, а единствено кај Барселона погреши Карабатиќ во втората серија.

Во финалето од овогодинешната завршницата во ЛШ ќе се сретнат екипите на Флензбург и Кил додека Веспрем и Барселона ќе разигруваат за третата позиција.

Мх.П.