Осумкратниот освојувач на трофејот од Лигата на Шампиони, Барселона во името на Флензбург доби повеќе од посакуван противник во 1/2 финалето.
Од четирите екипи учесници на завршницата во Келн еден од двата германски преставници е најслаб, но тие во „Борис Трајковски“ покажаа дека сепак имаа квалитет за големи дострели.
Секако дека ракометарите на Флензбург ќе ја има поддршката публиката, но тоа треба да биде мотив повеќе за Лазаров, Карабатиќ, Томас да покажат што знаат и умеат.
Во првиот четвртфинален натпревар каталонците ја осетија „германската ладнокрвност“ откако претрпеа пораз 38-31 од Рејн Некар и изгледаа немоќно како никогаш до сега. Па во реваншот мораа да се спасуваат од реално прерана елиминација во ЛШ.
Квалитетот и искуството се на страната на Барселона, која минатата сезона во финалето беше поразена од Хамбург, екипа која оваа сезона беше елиминирана од Вардар.
Што значи дека во ракометот не победува секогаш подобриот или фаворитот, затоа квалитетот каталонците мораат да го демонстираат во Келн бидејќи сега нема место за поправен натпревар.
Мх.П.