Холанѓанецот Робин ван Перси беше централна фигура во победата над Олимпијакос 3-0 и пласманот на Манчестер Јунајтед во 1/4 финалето oд Лигата на Шампиони.

Но, длабоко во финишот од мечот Ван Перси заработи незгоден удар во левото колено по што мораше на носилки да го напушти теренот.

Првите прогнози не бea баш најдобри, но според менаџерот на „ѓаволите“ Дејвид Мојс, кој после дуелот изјави дека се работи само за посилен удар и ништо повеќе.

Мх.П.