Фудбалерите на Вардар ремизирајќи (1-1) извлекоа поволен резултат на гостувањето кај Малме во Шведска во првиот натпревар во вториот квалификациски циклус за пласман во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ оддоловеаа на нападите во првиот дел домашниот состав, кој нападна со сите расположливи средства.
Избраниците на Гоце Седлоски организираноста во играта си ја наградија со гол за водство во 63-та минута. Стрелец на погодокот беше Бобан Николов.
Не долго, само 12 минути Вардар имаше позитива. Домаќините преку Франц Брорсон ги израмнија бројките на семафорот.
После изедначувачкиот погодок фудбалерите на Малме притиснаа, но не успеаја да го совладаат Гачески, кој на моменти имаше и многу среќа.
Голема дамка на позитивното реми на Вардар во Шведска остави фактот оти ниту една национална телевизија во Македонија не ги откупи правата и не го емитуваше во живо позитивно реми на Вардар.
Реванш мечот се игра следниот четврток, а Вардар ќе биде домаќин во Струмица.
Мх.П.