Помалку од 5 илјади гледачи го следеа мечот од Лигата на шампиони меѓу Динамо и Порто во Загреб на стадионот “Максимир“.


По ланскиот рекорд кога станаа екипа која примила најмногу голови во групната фаза, “модрите“ поставија уште еден неславен рекорд , а тоа е најмалата посета на еден меч во шампионската лига.

Навивачите , популарните “БББ“ (бед блу бојс) не доаѓаат на натпреварите и го бојкотираат клубот кој долги години е под водство на Здравко Мамиќ.

Динамо мечот со загуби со 2-0, а стрелци на головите беа Гонзалес и Дефур. Капитенот Лучо Гонзалес голот го посвети на својот татко кој починал само три часа пред почетокот на мечот.