Шампионското проклетство во најеминетното натпреварување во Европа го стигна и германскиот Баерн Минхен, кој минатата година по петти пат го покори европскиот континент.

По оформувањето на Лигата на Шампиони никој досега не успеал да ја одбрани титулата, а тоа од рака не му појде ни на Баерн Минхен, кој натпреварувањето го заврши во 1/2 финалето.

Реал Мадрид беше неприминлива пречка за германците кои го претрпеа можеби најголемиот и најубедливиот пораз во нивната историја губејќи со 5-0 вкупно.

Последен тим, кој ја одбранил титулата во Купот на Европските шампиони бил тимот на Милан,

Најблиску од одбрана во трофејот во ЛШ беше Манчестер Јунајтед, кој во 2008 го освои пехарот, а во 2009 година во финалето претрпе пораз од Барселона 2-0.

Мх.П.