Македонскиот ракометен првак Вардар се најде во првата група од главната фаза од мечевите во Лигата на Сампиони. Противници на Вардар се данскиот првак Митиланд, шведскиот Савехоф и германскиот Турингер. Во втората група, се најдоа словенечкиот Крим, актуелниот бранител на титулата унгарскиот Гјор, ланскиот финалист Ларвик како и црногороската Будучност.
По ваквиот расплет на ждрепката црвено-црните имаат убава мозност да се пласираат на завршниот финален турнир. Прво пласираните две екипи од групите ке играат на турнирот за распределба на медалите.
– Задоволна сум од ждрепката, среќата застана на наша страна. Секако дека во овие 8 тима , нема слаби екипи, самиот факт што играат во главната рунда покажува дека станува збор за сериозни екипи. Никого не потценуваме, ниту пак некого преценуваме, ние имаме повеќе од солидна екипа која покажавме дека може да се носи рамо со рамо со тимовите од европскиот ракометен крем. Наша цел е пласман на завршниот турнир и битка за медалите – рече директорот на женскиот тим Ана Михајловска.
Преставниците на тимовите од првата група не го криеја задоволството што ги избегнаа Гјор и Ларвик.
Торбен Колбек ( ФЦ Митјиланд) – Секако дека сме задоволни со ждпреката, поготово кога ќе погледате кои екипи се во другата група. Иако новајлија во друштвото Вардар со серијата победи покажа дека е тим за репсект и ние во целост го почитуваме тоа. Она што навистина не мотивира е гостувањето во Македонија, во арената во Скопје, нависитна многу слушавме за одличната атмосфера на мечевите и сакаме да го осетиме тоа.
Рудигер Остерлох (Ик Савехоф )– Се најдовме во добра група и ќе направиме се да стигнеме до полуфиналето. Македонскиот тим е непознаница за нас, но има доволно време да ја снимиме и да ја анализираме нивната игра. Ги имаме мечевите одиграни во Лигата на Шампиони од каде ке може да ја прочитаме нивната игра. Можеби ке направиме и скаутинг на лице место , но се тоа зависи од нашиот тренер. Добро ни е познат македонскиот ракомет и успонот кој тој го има, дали било тоа во машка или женска конкуренција. Во секој случај не очекуваат интересни мечеви во главната фаза, па подобриот нека победи.
Вардар мечевите во групата ќе ги започне на 2 февруари на домашен терен против германскиот Туринген.
Распоред на мецевите:
Коло 1 (01./02.02.2014): Вардар – Турингер
Коло 2 (08./09.02.2014): Савехоф – Вардар
Коло 3 (15./16.02.2014): Вардар – Митиланд
Коло 4 (01./02.03.2014): Митиланд – Вардар
Коло 5 (08./09.03.2014): Турингер – Вардар
Коло 6 (15./16.03.2014): Вардар – Савехоф
М.П.