Францускиот првак Пари Сент Жермен е првиот патник во 1/2 финалето од завршниот турнир во Лигата на Шампиони. Парижани во четвртфиналната пресметка со фантастичен пресврт во последните три минути од мечот го совладаа тимот на Аталанта со 2-1.

Италијаните поведоа со погодокот на Марио Пашалиќ во 27-та минута од натпреварот. Водството кое ќе ги однесеше помеѓу четирите најдобри го испуштија во судиското продолжение. Во првата минута резултатот го изедначи Маркињос, а комплетниот пресврт го реализираше Чупо Мотинг.

Вечерва,средбата помеѓу бундеслигашот Лајпциг и шпанскиот гигант Атлетико Мадрид ќе го даде вториот патник во 1/2 финалето на завршниот турнир во ЛШ. Мечот се игра во 21 часот.

OhridNews