Ракометарите на Еурофарм Работник, стигнаа до вториот триумф во групната фаза во Лигата на Шампиони победувајќи го Савехов со тесен резултат 32-31 (18-12) на домашен терен во Битола.

Херој на „фармацевтите“ беше црногорскиот ракометар Мирко Радовиќ, кој погоди со звукот на сирената за победа.

Еурофарм Работник повторно ќе направеше од готово вересија. Домаќините имаа шест голови предност на полувремето а во финишот од мечот гостите комплетно ја анулираа предноста. Благодарение на рискатноста и луцидноста на Радовиќ, Еурофарм Работник стигна до победа.

Битолчани далеку се од борба за првите места на табелата но секој триумф е важен во Лигата на Шампиони. На „фармацевтите“ допрва им престојат натпревари кои ќе треба и морат да ги добијат.

OhridNews