По елиминацијата на Хамбург, ланскиот вицепрвак Барселона со капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров во составот е еден од главните фаворити за освојување на титулата. Шпанците во четвртфиналето за противник го добија германскиот Рајн Некар Ловен.

– Нема лесна ждрепка во оваа фаза од натпреварувањето, очекувавме тежок противник и секако дека Рајн Некар Ловен е токму таков противник. Но задоволство е да се игра таму, салата е одлична, атмосферата е прекасна и очекувам интересно четвртфинале- вели Хавиер о Калахан, преставник на Барселона на Виенската ждрепка.

Актуелниот првак Хамбург е елиминиран , но и покрај тоа преставникот на Барселона смета дека ништо не уште готово и дека вистинските битки допрва престојат.

– Ќе биде тешко, тука се германските тимови, но со самата елиминација на Хамбург Вардар покажа дека е топ тим, секако дека тука е и Металург кој исто така игра одличен ракомет – вели О Калаха.

Барселона имаше можност да игра на два пати пред френетичната публика во Борис Трајковски, O Калахан смета дека македонските тимови имаат убава прилика да се најдат меѓу најдобрите четири во Келн.– Мислам дека и двете екипи имаат добри шанси,ќе ја имаат публиката позади себе и ќе биде доста интересно. Во четвртфиналето се може да се случи, но исто така мора да се одигра на високо ниво на двата меча, само еден добар натпревар не е доволен за да се стигне во Келн – завршува О Калахан.

М.П.