Германскиот првак, Рајн Некар Левен му врати мило за драго на Вардар за поразот од Франкфурт совладувајќи го во Скопје со 29-26 (15-15).


„Црвено црните“, опуштено и потценувачки влегоа во мечот кој требаше да биде круна на убедливиот триумф во Германија недела дена претходно.

И со таков пристап домашните ракометари го диктираа темпото на игра и имаа водство до крајот на првиот дел кој заврши нерешено (15-15).

„Лавовите“, на стартот од вториот дел со серија 4-1 прв пат стигнаа до поголема предност (19-16) и покажаа дека во Скопје дојдени се за бодовите.


Така се играше до 45-та минута, кога германците имаа нова гол серија за највисико водство (26-20) на семафорот. „Црвено црните“ пробаа да се вратат во игра, но неможеа да ја анулираат предноста и да го избегнат вториот пораз во групната фаза во ЛШ.

Блескаво издание на голот од Рајн Некар имаше Апелгрен со 17 интервенции додека свој ден немаше тандемот Штербик-Милиќ кој искомбинира само десет одбрани.

Во Вардар шест голови реализираа Кањелас и Борозан, а по седум во гостинскиот состав постигнаа Ларсен и Рајнкајнд.

Покрај поразот Вардар нема да падне на табелата, но во следната рунда ги очекува супер дербито со Европскиот првак, Киелце во Полска.

Фото: 24ракомет.мк
OhridNews