Така мечот в недела во Кил нема да може да го поправи пласманот на Атлетико Мадрид, кој сигурно ќе остане на третото место зад Веспрем и Кил во групната фаза од Лигата на шампионите.
Босанецот Аднан Шабановиќ не може да брани на европски натпревари во првата фаза, а нашиот Лазаров, хрватот Балиќ и стрелецот на израмнувачкиот гол во Сарагоса, Јонас Калман не заминаа за Германија и ќе одмараат во Мадрид.
Кирил Лазаров за прв пат одмора оваа сезона по 24 меча за Атлетико Мадрид и 2 за Македонија. Четворицата ќе му се приклучат на екипата во Галиција, каде експедицијата на Атлетико Мадрид директно ќе пристигне веднаш по мечот со Кил во Германија.