Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос на дуелот со Галатасарај заработи директен црвен картон, кој е трет за него во Лигата на Шампиони.

На следните дуели откако ќе му помине суспензијата, Рамос ќе го брка рекордот на Едгар Давидс, кој има четири директни црвени картони во ЛШ.

Сепак исклучување на Рамос на влијаеше на резулатот откако „кралевите“ со 3-1 го совлада турскиот преставник во ЛШ.

Мх.П.