
Барселона како никогаш досега беше надиграна како тоа што го направи германскиот гигант на првиот полуфинален натревар. На теренот постоеше една екипа, тоа беше Баерн Минхен. Доминацијата на “баварците“ ја најави Робен уште во 2-та минута, кога не успеа да реализира колосална шанса.

Голеадата на “Алијанц арената“ ја почна германскиот репрезентативец Томас Милер во 25-та минута кога со глава го круниса додавањето на Данте.
Во вториот дел избраниците на Хуп Хејнкенс продолжија со нападите кон голот на Валдес. Замената на Марио Манџукиќ, Гомез со сомнителен погодок ја дуплираше предноста во 49-та минута.
И по вториот погодок “црвено белите“ не застанаа, Робен по една полуконтра со голема помош од Милер зголеми на 3-0.
Гол серијата на “Алијанц арената“ ја затвори оној кој и ја започна Томас Милер со погодок во 82-та минута ја запечатија големата победа за Баерн Минхен.
На реванш натпреварот на Ноу Камп на Барселона ќе и треба вистинско чудо да го елиминира германскиот првак и да обезбеди пласман во финалето на Вембли.










