Реал Мадрид ќе биде сериозно ослабен на првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони против Борусија Дортмунд.


Натпреварот во среда поради повреди ќе го пропуштат Марсело и Лука Модриќ. Овие двајца играчи се повредија на саботниот натпревар со Бетис во кој Реал победи со 3:1.

На споменатиот натпревар се повредил и Карим Бензема но неговата повреда не е сериозна и тој ќе биде во конкуренција за место во тимот.

“Макфакс“