Реал Мадрид и Челси се пласираа во полуфиналето од Лигата на Шампиони. Реал и во вториот меч беше убедлив против тимот на македонскиот интернационалец Тричковски  со 5-2.

Кристијано Роналдо погоди два пати, по еднаш Кака, Калехон и Ди Мариа, за кралевите, додека за кипраните погодија Мандука и Солари од пенал. Тричковски поради повреда не настапи на мечот.

Челси со 2-1 ја совлада Бенфика, благодарение на голот во финишот на мечот, на португалскиот интернационалец Меирелеш. Претходно Лампард од пенал ги доведе сините во предност, додека единтвениот гол во двомечот за Бенфика беше дело на Хави Гарсиа.

Во полуфиналето ќе се сретнат Барселона – Челси, односно Баерн – Реал.

Ohridnews