Деветкратниот првак во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид и англискиот Челси рутински обезбедија пласман во најдобрите осум на стариот континент елиминирајќи ги Шалке со вкупен резултат (9-2) односно Галатасарај (3-1).

Составот на Реал Мадрид, кој повеќе беше со мислите за дуелот со Барселона во шпанската „Ла Лига“ со уште еден триумф овој пат 3-1 си го трасираше патот до четврфиналето во ЛШ.
Патниците во 1/4 ќе се комплетираат со натпреварите меѓу Манчестер Јунајтед – Олимпијакос (0-2) и Борусија Дортмунд – Зенит (4-2).
Мх.П.











