Деветкратниот првак во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид и англискиот Челси рутински обезбедија пласман во најдобрите осум на стариот континент елиминирајќи ги Шалке со вкупен резултат (9-2) односно Галатасарај (3-1).

Камерунецот Самуел Ето со погодокот уште во 4-та минута го отвори патот за Челси во 1/4 финалето, а пласманот меѓу најдобрите осум го завери англискиот репрезентативец Гери Кејхил со голот на истекот од првиот дел.

Составот на Реал Мадрид, кој повеќе беше со мислите за дуелот со Барселона во шпанската „Ла Лига“ со уште еден триумф овој пат 3-1 си го трасираше патот до четврфиналето во ЛШ.

Патниците во 1/4 ќе се комплетираат со натпреварите меѓу Манчестер Јунајтед – Олимпијакос (0-2) и Борусија Дортмунд – Зенит (4-2).

Мх.П.