Уште не легнала прашина по првата 1/2 финална пресметка помеѓу Реал Мадрид – Барселона а вечерва повторно ќе се брануваат страстите во реванш мечот на Ноу Камп. “Блауграната“ пред преполн стадион ќе ја “брани“ предноста (2-0) стекната од првиот натпревар и пласман во големото финале на Вембли. Стрелец на двата погодоци на Сантијаго Бернабе беше Лионел Меси.


Втората епизода на “Ел Класико“ во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони ќе биде многу по сиромашно на теренот поради остуството на “специјалниот“ кој заработи црвен картон на првиот натпревар. Во таборот на “кралевите“ ќе недостасуваат Серхио Рамос(три жолти) и Пепе(црвен картон).


Во составот на Барселона за натпреварот со Реал Мадрид,  ќе конкурираат “златното момче“ Андрес Иниеста и Ерик Абидал кој се побрзо од очекувањата се опорави по операцијата на стомакот. “Пеп“ Гвардиола нема проблем со казнети и суспендирани фудбалери за реванш мечот во 1/2 финалето.


Мх.П.