Европскиот првак Баерн Минхен ја забележа деветтата победа во низа со што го изедначи рекордот во на Барселона во Лигата на Шампиони, а и португаласкиот ас Кристијано Роналдо може да се пофали со рекорд откако го постигна 14-от погодок во Европа во една календарска година.
Деветтиот триумф и изедначување на рекордот „баварците“ го обезбедија на гостување во Плзен каде славеа со минимални 1-0. Досегашниот рекорд го чуваше само Барселона која исто така нанижа девет победи. Серијата на германците трае од од 1/4 финалето минатата година.
Погодок на Роналдо во ремито со Јувентус на гостински терен 2-2 беше 14-ти годинава во Лигата на Шампиони за Португалецот. Според формата на Роналдо ништо чудно да го зголеми рекордот со уште некој погодок.
Мх.П.