Без голови и без победник заврши дербито во Торино помеѓу актуелниот италијански првак Јувентус и моменталниот лидер на табелата во Шпанија, Барселона во петтата рунда во групната фаза во Лигата на Шампиони.
Ремито од средбата оди во прилог на Барселона, која го осигура првото место на табелата во Д групата, додека „старата дама“ во последната рунда ќе треба да го завери пласманот помеѓу 16-те најдобри.
Фудбалерите на Селтик нема по добро да го паметат гостувањето во Париз, откако претрпеа пораз (7-1). „Детелените“ со гол во мрежата на ПСЖ го започнаа мечот, а „светците“ потоа постигнаа седум голови и покажаа зошто се фаворити број еден за титулата годинава во ЛШ.
Резултати:
Група А: ЦСКА Москва – Бенфика 2-0, Базел – Мен Ју 1-0
Табела: Мен Ју 12, Базел 9, ЦСКА Москва 9, Бенфика 0
Група Б: Андерлехт – Баерн Минхен 1-2, ПСЖ – Селтик 7-1
Табела: ПСЖ 15, Баерн Минхен 12, Селтик 3, Андерлехт 0.
Група Ц: Карабах – Челси 0-4, Атлетико Мадрид – Рома 2-0
Табела: Челси 10, Рома 8, Атлетико Мадрид 6, Карабах 1
Група Д: Јувентус – Барселона 0-0, Спортинг Лисабон – Олимпијакос 3-1
Табела: Барселона 11, Јувентус 8, Спортинг 7, Олимпијакос 1.
OhridNews