Фудбалерите на Вардар ги завршија натпреварите во Лигата на шампиони, откако доживеа елиминација од Копенхаген во третата квалификациска рунда со вкупен резултат (4-2).

Кобен за „црвено црните“ беше реваншот во Данска на „Телија Паркен“ стадионот на кој претрпеа висок пораз 4-1 и во прилог не им појде ниту минималната предност (1-0) од првиот меч во Скопје.

„Вардарци“ иако лошо започнаа во последните 20-тина минути имаа се во свои раце. До 74-та минута имаа негатива 2-1, но резултат кој ги водеше понатаму и играч повеќе во поле.

Домаќините носени од публиката во 75-та минута постигнаа трет гол и го презедоа кормилото во мечот. Вардар немаше избор, се отвори и остави простор за контра напад. После еден таков напад „белите“ изнудија пенал и со четврти гол ја заверија победата и пласманот понатаму. 

„Црвено црните“ европското лето ќе го продолжат во квалификациите за пласман во Лигата на Европа кое второ натпреварување по ранг на стариот континент.

OhridNews