Десеткратниот првак на Европа, Реал Мадрид и дебитантот во оваа фаза од натпреварувањето, Манчестер Сити на Сантијаго Бернабеу ќе водат битка за местото кое води во Милано на финалето од Лигата на Шампиони.
Ремито без голови на Етихад во Манчестер ветува рововска битка на стадионот во Мадрид кој десет пати во минатото се радувал на титула од најемитното натпреварување.
Зинедин Зидан и Мануел Пелегрини се соочуваат со одредени проблеми пред клучниот дуел кој ќе им обезбеди борба за титулата во Лигата на Шампиони.
„Зизу“ ќе го има на располагање Кристијано Роналдо, но од комбинација отпаднаа Карим Бензема и Бразилецот, Касемиро.
Чилеанецот на клупата од „граѓаните“ не ќе може да смета на Јаја Туре и Давид Силва кои воопшто не отпатуваа со екипата во Шпанија.
OhridNews