Со голот на Холанѓанецот, Арјен Робен во 88-та минута Баерн Минхен ја совлада Борусија Дортмунд со 2-1 во финалето од Лигата на Шампиони.


Во изедначен натпревар, во кој реши луцидноста на Робен, “баварците“ стигнаа до јубилејниот петти трофеј во најквалитетното европско натпреварување.

Во првиот дел шансите пред двата гола се редеа како на филмска лента, но она што недостасуваше беа погодоците.

Головите кои недостасуваа во финалето на „Вембли“ во првиот дел, фудбалерите го надохнадија во вториот.

Прв до предност дојде Баерн Минхен со голот на Марио Манџукиќ, по додавањето на Робен. Осум минути подоцна “милионерите“ израмнија на 1-1 со голот од пенал на Гундоган.

Во 88-та минута Рибери со петта го проигра Робен, кој прво ги избегна дефанзивците на Дортмунд и смирено како голем фудбалер го матираше Вејденфелер и го лансираше Баерн Минхен на европскиот кров.

По поразот од Баерн Минхен во финалето Борусија Дортмунд остана на единствената титула освоена во 1996 година.

Мх.П.