Аргентинецот во дресот на Барселона, Лионел Меси со два погодоци тргна во одбрана на епитот најдобар стрелец во Лигата на Шампиони. Спартак Москва на петнаесет минути до крајот имаше предност од 2-1 но Меси го немаше кажано последниот збор и со два погодоци ги донесе работите на свое место.


Ако и оваа сезона Меси биде најдобар стрелец тогаш ќе го помине легендарниот Герд Милер кој исто така бил четири пати најдобар голгетер во Европа. Се започна од 2008-09 (9 голови), 09-10 (8), 10-11 (12) и 11-12 (14) а Меси со два погодоци тргна во атак на петтата.


За споредба Роналдо на мечот против Сити постигна еден погодок и стигна до бројката 39 во 81 натпревари додека Меси во 69 мечеви прецизен бил 53 пати.

Мх.П.